класификува (св. и несв.)
Доколку амбициозната филмска енциклопедија на Светот се заканува Светот да го направи одвишен и доколку деловите од списоците всушност и не можат да се класификуваат, дотолку подобро.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Но секој обид општеството да се предочи како конзистентен модел нужно е обид кој, за да биде селективен, арбитрарно одредени начини на општествен живот ги прогласува за норма и, според истата логика, сите други феномени ги класификува како ненормални: или како резидуум на минатото кој евентуално ќе ја изживее својата цел и ќе исчезне, или како некакви туѓи елементи кои што мораат да бидат искоренети или маргинализирани.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Кинеските и јапонските карактери се класификуваат според бројот на потезите потребни за нивно пишување.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Но моите замисли одеа во прилог на државата Тунис, но кои не ги исклучуваа и моите амбиции за самодокажување, наложување, излегување од просечноста, со која бевме главно класификувани амбасадорите од малата Република Македонија во југословенската федерација.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)